Истражувајќи ја смртта на фудбалската легенда Диего Марадона, аргентинската полиција денеска изврши претрес во куќата на неговиот личен лекар, Леополд Луке, обидувајќи се да утврди дали Марадона е жртва на небрежност, пишува Дејли меил.

Весникот наведува дека ќерките на Марадона Далма и Џанина тврдат дека тој не добил соодветни лекови.

Полицијата го истражува лекарот за неговите постапки во последните денови од животот на Марадона, а аргентинските телевизии пренесуваа во живо од претресот во неговата куќа и клиника.

Адвокатот на Марадона, Матијас Морла, минатата недела побара истрага од највисоко ниво за улогата на итната медицинска помош во смртта на Марадона.

Марадона почина од „акутен едем на белиот дроб и хронична срцева исуфициенција“, се наведува во прелиминарниот извештај на обдукцијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.