Силвано Мартина, агент на голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, се произнесе за иднината на неговиот клиент.
– Според мое мислење, тој треба да стане тренер. Го разбира фудбалот. Џанлуиџи има искуство во управувањето со која било улога во соблекувалната. Што се однесува до Јувентус, мислам дека тој би можел да го води овој клуб. Разликата меѓу него и другите голмани е во тоа што Буфон прави сè да биде лесно. Тој го има овој дар на природата. Многу е талентиран, рече Мартина.
За потсетување, сегашниот договор на 42-годишниот Италијанец со клубот од Торино истекува во летото 2021 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.