Членовите на италијанската фудбалска репрезентација ќе добијат по 250.000 евра како награда за освојувањето на Европското првенство, јавија денеска локалните медиуми.
Италијанската фудбалска федерација за освоеното прво место на ЕУРО2020 ќе инкасира 28,25 милиони евра од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и новите европски шампиони ќе бидат наградени токму од тој фонд.
Италија вторпат во историјата ја освои европската титула, откако во синоќа ја совлада Англија на пенали во финалето на „Вембли“ во Лондон.
Сите учесници на ЕУРО2020, вклучувајќи ја и македонската репрезентација инкасираа загарантирани 9,25 милиони евра, додека учесниците во осминафиналето заработија дополнителни 1,5 милиони евра. Четвртфиналисти инкасираа по 2,5 милиони евра, полуфиналистите уште четири милиони евра, додека Италија и Англија со пласманот во финалето заработија по пет милиони евра. Паричната награда за освоената титула изнесува осум милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.