Напаѓачот Хавиер Хернандез – Чичарито во јануарскиот преоден рок скоро сигурно ќе ја промени клупската средина, откако сезонава не доби многу шанси во дресот на Вест Хем. Мануел Пелегрини нема доверба во Мексиканецот, па Арнаутовиќ и Јармоленкио му беа први опции во нападот во првата половина од сезоната, а медиумите пишуваат дека Чичарито ќе се обиде да ја врати формата во Ла Лига.
Екипите на Бетис, Севилја и Валенсија веќе пројавиле интерес за него, а најконкретен бил оној на тимот од Месталја со кој Хернандез би потпишал шестмесечен договор за позајмица од Вест Хем со можност неговиот престој во Валенсија да биде перманентен од следното лето.
Тој има искуство во Ла Лига, кога една сезона (2014/2015) играше за Реал Мадрид, како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.