Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија за 2021 година се одигруваат утре со почеток во 13 часот.
Актуелниот шампион Шкендија во Тетово ќе се соочи со Струга Трим Лум, додека, во Битола, Пелистер го пречекува Вардар.
Лидерот во Првата машка фудбалска лига, Шкупи, игра против Македонија Ѓорче Петров, а Силекс ја пречекува Брегалница.
Игор Стојчевски е во центарот во Тетово, а Марјан Ецкоски во Битола. Правдата помеѓу Силекс и Брегалница ќе ја дели Александар Грујоски, додека, интернационалниот судија Александар Ставрев ќе го отсвири почетниот удар во Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.