Напаѓачот на Аланијаспор и повремен чешки репрезентативец, Јосеф Сурал го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчера.

Сурал заедно со уште седум свои соиграчи си заминувале дома по натпреварот со Кајсериспор кој заврши без победник (1-1).

Седум фудбалери на Аланијаспор, меѓу кои и поранешниот член на Ливерпул, Стивен Кокер како и Папи Демба Сисе се одлучиле да не си одат дома со тимскиот автобус туку да изнајмат ВИП комбе.

Напаѓачот Сурал кој не доби шанса да заигра на натпреварот против Кајзери им подлегнал на повредите во болница, додека останатите фудбалери кои се превезувале со комбето се надвор од животна опасност и се со помали повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.