Премиерлигашот Челзи е заинтересиран за ангажман на италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Федерико Киеза.

Лондонскиот клуб контактирал со Јуве и понудил 100 милиони евра како почетна сума за трансферот на Киеза.

Сепак, како што пишува новинарот на „Спорт Билд“, Кристијан Фолк, Јувентус одбива да преговара за трансфер на 23-годишниот Италијанец.

Киеза одигра брилијантно на Европското првенство, на кое Италија стана европски шампион, и влезе во идеалниот тим на турнирот според УЕФА. Киеза постигна два гола на ЕУРО2020.

Минатата сезона, Киеза настапи на 33 натпревари во Серија А, постигна девет голови, а имаше и девет асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.