МОЛ Види и Челзи одиграа нерешено 2:2 во натпревар од групата „Л“ на Лига Европа, одигран во Будимпешта.
Со овој резултат Унгарците отпаѓаат бидејќи БАТЕ Борисов победи со 3:1 на гостувањето кај ПАОК, со што си го обезбедија второто место во конечниот пласман.
Унгарците успеаја да направат пресврт со автоголот на Ампаду и Него против еден од фаворитите за титулата, откако губеа по голот на Вилиан во 30-тата минута.
Но и тоа не помогна на домаќините, бидејќи Оливие Жиру израмни во 75-тата минута по одличен удар.
Со тоа Челзи ги загуби првите поени оваа сезона во ЛЕ, но остана на чело на табелата и се пласираше во елиминацискта фаза на второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот континент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.