Челзи е подготвен да го направи Ролемлу Лукаку најплатен фудбалер во историјата на клубот и да му понуди на Белгиецот неделна плата од 250.000 фунти (речиси 300.000) евра.

Таквиот богат договор има за цел да го дополни најскапиот трансфер во историјата на англиската Премиер лига, што, според медиумите на Островот, треба да се реализира со понуда од 130 милиони евра за напаѓачот на Интер.

Доколку се реализра овој трансфер, тој ќе го надмине трансферот на Џек Грилип од Астон Вила во Манчестер сити, за кој, англиските медиуми објавуваат дека е договорен и остануваат само да се прецизираат деталите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.