Челзи ќе биде противникот на Манчестер сити во финалето на фудбалската Лига на шампионите. „Сините“ од Лондон вечерва на својот терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во реваншот од полуфиналето на елитното натпреварување и по 1:1 во Мадрид, со вкупни 3:1 се изборија за големото финале.
Стрелци на головите за Челзи беа Тимо Вернер во 28. минута и Мејсон Маунт во 85. минута.
Натпреварот кој ќе го промовира новиот европски шампион, кој секако ќе биде од Англија, е закажан за 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.
Ова ќе биде второ финале во последните три години во кое ќе се соочат два премиерлигаши. Во 2019 година Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0.
Воедно, за тренерот на Челзи, Томас Тухел, завршниот меч во Истанбул ќе биде второ последователно финале во ЛШ. Германскиот тренер лани не успеа да го освои трофејот предводејќи го Пари Сен-Жермен кој загуби од Баерн Минхен (0:1)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.