Екипата на Челси синоќа одигра 0-0 со Саутемптон, а ова реми на домашен терен само го потврди проблемот со реализацијата со кој тимот од Лондон се мачи веќе подолго време.
По повредата на Жиру, стратегот на Челси може да смета само на Мората како класичен напаѓач и Азар како крило, па речиси сигурно е дека „сините“ ќе тргнат во офанзива за потпис на најмалку едно квалитетно засилување уште во зимскиот преоден рок.
Веќе одамна се пишуваше дека желба на Сари е Гонзало Игуаин со кого Италијанецот одлично соработуваше во Наполи. Медиумите јавуваат дека се уште е во игра трампата Игуаин – Мората, но Челси сериозно ќе ги разгледа и другите трансфер цели пред крајот на јануарскиот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.