Екипата на Челси славеше лесна и убедлива победа против Хадерсфилд со 5-0, а на натпреварот се истакна новото засилување Гонзало Игуаин кој ги постигна првите два гола во синиот дрес. Аргентинецот го отвори резултатот во 16. минута, а пред самиот крај на првиот дел на 2-0 зголеми Еден Азар од пенал.
Во второто полувреме Челси постигна уште три погодоци. Еден Азар во 66. минута зголеми на 3-0, а само три минути подоцна резултатот беше 4-0 откако Игуаин на одличен начин ја затресе мрежата на последно пласираниот тим во Премиер лигата. Конечниот резултат го постави Давид Луиз во 86 минута.
Евертон претрпе болен пораз на свој терен откако беше совладан од Вулверхемптон со 1-3 , додека Кристал Палас со 2-0 славеше против Фулам. Барнли и Саутемптон ги поделија бодовите 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.