Челси доби забрана од ФИФА да купува нови фудбалери во наредните два преодни рока. Мерката е потпишана од Светската фудбалска асоцијација, откако беше утврдено дека лондонските „сини“ прекршиле еден од нејзините правилници што се однесува на млади играчи. Па, оттука и забраната за пазарни активности до летото во 2020 година.
Освен тоа, премиерлигашот од „Стемфорд Бриџ“ е казнет и со 600.000 швајцарски франци, а Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија со 510.000 швајцарски франци. Пред клубот е оставен рок од три дена за обжалување на ваквите одлуки.
Казната за Челзи се однесува за неправилности при купување на фудбалери помлади од 18 години меѓу кои и поранешниот напаѓач Бертран Траоре. Врз основа на документите што излегоа во јавност, под лупа на ФИФА во случајот биле 19 млади играчи ангажирани во изминатите три години од кои, наводно, 14 биле малолетни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.