Инцидентот кој го предизвика голманот на Челси, Кепа Аризабалага во финалето на Карабао купот кога одби да биде заменет, ќе го чини една неделна плата. Иако менаџерот Маурицио Сари и Кепа тврдеа по мечот дека дошло до недоразбирање, клубот сепак го казни недисциплинираниот голман.
Шпанецот е казнет парично, во износ од една неделна плата (225.000 фунти), а клубот објави дека парите ќе бидат уплатени во хуманитарни цели.
Инаку, Челси загуби во Купот од Манчестер сити. „Граѓаните“ го добија мечот на пенали со 4-3, откако во регуларниот дел и продолженијата немаше голови. Тренерот на „сините“ сакаше да го замени младиот Кепа пред почетокот на пенал серијата со Вили Кабалеро, но Аризабалага одби да излезе од теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.