Французинот Нголо Канте поради повреда ќе го попушти полуфиналниот реванш помеѓу Челси и Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа. Тој заработи повреда во неделата на првенствениот дуел со Вотфорд.
Канте е еден од најважните фудбалери во формацијата на Маурицио Сари, кој дополнително ги загрижил навивачите со изјавата дека би можел да го пропушти и евентуалното финале.
Канте има проблем со мускулот и ќе паузира две недели. Ќе се обидеме да го рехабилитираме за финалниот меч. Не сум сигурен дека ќе биде подготвен, но ќе се обидеме, рекол Сари.
Италијанскиот тренер признал дека погрешна била одлуката Канте да игра против Вотфорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.