Првиот човек на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин, призна форматот на овогодинешното Европско првенство беше грешка и дека иако системот на натпреварување во 12 градови не е лоша идеја, организациски е тешко да се постигне организациски, а е голем проблем и за навивачите.

Ваква идеја повеќе нема да поддржам. Претешко е и не е фер, некои репрезентации ќе поминат 10.000 километри, а други 1000. Тоа е една од лошите работи. Не е фер и кон навивачите. Некои навивачи мораат да бидат во Рим, па потоа следните неколку дена во Баку. Не верувам дека повторно ќе организираме Европско првенство во ваков формат, рече Чеферин за „Би-Би-Си“.

Идејата за играње на ЕП во дури 16 земји беше иницирана од поранешниот инкриминиран шеф на УЕФА, Мишел Платини во чест на 60. роденден на Европското првенство. Организацијата на ваков турнир среде пандемија се покажа како особено проблематична. УЕФА не можеше да ги намали градовите домаќини поради високата компензација, а патувањето беше ограничено и настана хаос.

Многу тренери и фудбалски стручњаци тврдат дека годинашниот континентален собир не е редовен бидејќи некои репрезентации постојано играат пред домашните навивачи, а некои репрезентации немаат шанса да играат пред својата публика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.