Претседателот на УЕФА, Алекданр Чеферин, испрати порака до клубовите кои се организатори на новонајавената Суперлига.

Тој им порача дека за развој на фудбалот себичноста мора да се замени со солидарност, а парите не смеат да бидат поважни од величенственоста која ја носи спортот и страста која владее меѓу навивачите.

Господа направивме голема грешка. Некој ќе рече дека сте алчни, друг дека сте арогантни. Но, се уште има време да се предомислите, секој прави грешки – изјави Чеферин.

Претседателот на УЕФА даде и објаснување за тоа што му треба да фудбалскиот свет, поконкретно за тоа што се случува во Европа.

Фудбалот не му припаѓа на никого, тој е на сите, затоа што фудбалот е дел од нашето културно наследство. Натпреварувањата на УЕФА имаат потреба од тимови како што се Аталанта, Селтик, Ренџерс, Галатасарај. Потребни ни се тие клубови, за луѓето да знаат дека се е возможно. Секој има шанса за победа – изјави Чеферин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.