Легендата на Барселона, сега тренер на Ал-Сад, Чави, призна дека се чувствува поудобно во Катар отколку дома. Во Шпанија ќе се одржат избор по четврти пат за четири години.
Сега не живеам во демократска земја, но мислам дека системот функционира подобро отколку во Шпанија. Четврти избори? Го сакам најдоброто за мојата иднина и иднината на моите деца. И, за жал, гледам дека во Шпанија демократскиот систем не работи на најдобар начин, изјавил Чави за татамошните медиуми.
На прашањето дали фудбалерите треба да зборуваат за своите политички ставови, тој одговорил:
Во демократска држава, како што треба да биде во Шпанија, луѓето имаат право да одлучуваат. Зошто да не дозволиме да го сторат тоа? Не велам дали сум за независност на Каталонија или не. Јас само велам дека е неправедно дека има политички затвореници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.