Лидерот Шкупи ремизираше попладнево на домашен терен на стадионот во Чаир со актуелниот шампион Шкендија во дерби натпреварот од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Со освоениот бод, фудбалерите на Шкупи ја обезбедија есенската титула, откако на едно коло пред крајот на полусезоната имаат седум бодови предност пред второпласираната Академија Пандев, која денеска загуби на гостувањето во Ѓорче Петров.

Резултати 17 коло:

Брегалница – Работнички 1:2, Скопје – Струга 1:0, Македонија ЃП – Академија Пандев 4:1, Пелистер – Борец 1:3, Ренова – Тиквеш 1:1, Шкупи – Шкендија 1:1.

Табела: Шкупи 39, Академија Пандев 32, Шкендија 31, Ренова 27, Брегалница 26, Македонија ЃП 24, Струга 23, Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.