Реал Мадрид поввторно се избламира во натпревар од Лигата на шампионите и загуби на домашен терен против Шахтјор со 2:0.

Шпанскиот шампион не искористи неколку шанси, но затоа, пак, Украинците постигнас два гола од контранапади, коишто освен што му донесоа на Шахтјор три бодови, предизвикаа огромена потсмев на социјалните мрежи за тактичка поставеност на „кралевите“ при примените голови.

Особено се коментира првиот погодок, што го постигна Дентињо, при кој се покажа дека играчите на Реал Мадрид ужасно се трансформираа од напад во одбрана.

Во моментите кога топката беше на левата страна, Крос, Одегард, Модриќ, Начо и Родриго беа речиси еден до друг на средина од игралиштето, ситуација која беше најава за катастрофалната реакција на играчите во потесната одбрана, по што пристигна голот на Дентињо.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.