Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ќе паузира еден месец од играње фудбал поради повреда на коленото.
Левандовски во неделата постигна два гола во триумфот на Полска над Андора (3:0) во мундијалските квалификации, пред да биде предвреме повлечен од игра.
Напаѓачот се врати во Минхен веднаш по натпреварот, а неговиот клуб објави дека Левандовски ги исчашил лигаментите на десното колено.
Поради повредата, најдобриот стрелец на Баерн Минхен нема да може да му помогне на актуелниот европски првак во четвртфиналниот двобој против ПСЖ во Лигата на шампиони.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.