121 човек од Јувентус, вклучувајќи фудбалери, директори, помошен персонал, но и лично претседателот Андреа Ањели се во самоизолација по позитивниот тест на корона вирусот на Даниеле Ругани. Освен Ругани, позитивен тест на вирусот има кај уште еден фудбалер од Серија А Маноло Габијадини од Сампдорија.

„По вчерашните информации и позитивниот тест на Даниеле Ругани, 121 човек, вклучувајќи фудбалери, членови на тимот, директори и вработени во Јувентус ќе одат во домашна самоизолација според препораките на здравствените работници“, стои во соопштението на клубот.

Повеќето од членовите на тимот ќе престојуваат во „Ј-хотелот“ кој се наоѓа веднаш до тренинг-центарот на клубот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.