Како „исклучително добра“ бугарскиот селектор Јасен Петков ја оцени жрепката во Нион која за противници на неговите фудбалери во Лигата на нации им ги донесе македонската, грузиската и репрезентацијата на Гибралтар.
Петков во изјава за официјалниот сајт на Бугарската фудбалска федерација истакна дека целта на неговиот состав ќе биде да го освои првото место во групата 4 во рамки на Ц-дивизијата.
Мислам дека жрепката за нас е исклучителни добра, без притоа да потценуваме ниту еден од противниците, бидејќи не сме во таква позиција. Задоволни сме, целта ние е да го освоиме првото место. Имаме респект кон сите противници и ќе биде потребно максимално да се подготвиме, изјави Петков.
Поради Мундијалот 2022 во Катар, третото издание на Лигата на нации ќе се одигра во забрзано темпо, со четири кола во јуни и завршните две во септември.
Ќе треба да одиграме четири натпревари во серија, и тоа за нас ќе биде предизвик, но ќе бидеме подготвени – додаде бугарскиот селектор.
Победниците во четирите групи во Ц-дивизијата ќе изборат промоција во Б-лигата за следната сезона, додека последно пласираните ќе играат бараж за опастанок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.