Македонската репрезентација ќе игра во Групата 4 од Ц-Лигата на нациите во сезоната 2022/23 заедно со селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар, одлучи денешната ждрепка во УЕФА.

Со Грузија и Гибралтар веќе игравме во претходните изданија од Лигата на нациите, а сега единствена новина е Бугарија со која првпат во историјата ќе игра низ едно официјално натпреварување на УЕФА.

Натпреварите од Лигата на нациите ќе се играат во термините во јуни следната година (четири натпревари) и во септември (два натпревари). Само првопласираните селекции од секоја од групите ќе обезбедат место во плеј-офот кој ќе се игра во јуни 2023 година. Само најдобрата репрезентација од плеј-офот (полуфинале па финале) ќе обезбеди место на ЕП 2024.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.