Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, учествуваше на вчерашниот пријателскиот натпревар на Парма против Бохум. Тој играше за Парма, прв пат по 7339 дена, пренесува „Фудбал Италија“.

Парма загуби со 0:1, а Буфон го одигра првото полувреме, по што беше заменет. Единствениот гол беше постигнат во второто полувреме.

Во 2001 година, Буфон се пресели од Парма во Јувентус. Четириесет и тригодишниот голман се врати во Парма ова лето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.