Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон изненади многумина со одлуката да ја продолжи својата кариера и да направи трансфер во редовите на ПСЖ.

Навраќајќи се на моментите од последните неколку години во Серија А, Буфон откри една интересна ситуација поврзана за најперспективниот играч на Фиорентина која го натерала за првпат помислил дека е време за пензија.

Првиот пат кога се соочив со Киеза, бев малку дезориентиран. За првпат играв против еден син на мој поранешен соиграч и тогаш за првпат помислив дека е време да се пензионирам. Како и да е, од тогаш наредив уште неколку играчи кои се синови на поранешни легенди, па така веќе ова го сметам како подарок во мојата долга кариера, вели Буфон во интерју за „Еуроспорт“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.