Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е задоволен што може да ја заврши својата долга кариера во ист тим со суперѕвезда Кристијано Роналдо.
На крајот од мојата кариера, успеав да играм со шампиони како Нејмар и Килијан Мбапе благодарение на Пари Сен Жермен. Сега тоа ќе се случи со Кристијано Роналдо благодарение на Јувентус. Мислам дека за играчи со моето искуство и историја, можноста да се стави крај на мојата кариера на овој начин е одличен подарок, вели Џиџи.
Тој им се заблагодари на Војчех Шчесни и Џорџо Киелини, кои му ги понудиле дресот со број 1 и капитенската лента.
Јас сепак сум овде за да придонесувам, како и секогаш, а не да земам нешто од некого. Првиот голман мора да го има бројот 1, а Џорџо, кој е мој брат, мора да биде капитен. Ја го зедов дресот со бројот 77, кој е мојата приказна и онаа на Парма. Со него го обезбедив трансферот во Јувентус и тоа ме инспирираше, изјави Буфон за „Скај Спорт Италија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.