Повеќе од илјада навивачи на Црвена ѕвезда денеска од центарот на Берн, Швајцарија, тргнаа кон стадионот каде треба да се одигра плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампиони против Јанг бојс. Нешто по 18 часот се создаде хаос кога помала група од „Делиите“ предизвика тепачка, најверојатно, со зависници од дроги.

Полицијата реагираше со пукање во воздух, а до тепачката дошло бидејќи навивачите биле испровоцирани, наводно поради Косово, пишуваат српските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.