Португалскиот играч од средниот ред, Бруно Фернандеш ова лето е еден од најбараните фудбалери. Сепак, и покрај тоа што тој се поврзуваше со трансфери во Манчесте Јунајтед, Тотенхем и Сити, по затворањето на трансфер прозорецот во Англија, Фернандеш би можел да се пресели на Бернабе.

Спортинг Лисабон за него бара 70 милиони евра, кои Реал не е подготвен да ги плати, бидејќи посакуваат прво да стигнат до Кристијан Ериксен од Тотенхем. Сепак, тешко дека Тотенхем ќе се одлучи да го продаде Данецот по започнувањето на сезоната во Англија, па Фернандеш останува како пореална опција за Реал М.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.