Босанскиот фудбалски тренер, Бруно Акраповиќ, официјално се врати на клупата на Шкендија и од денеска е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот шампион.
Акраповиќ се враќа во редовите на Шкендија по петгодишна пауза, откако го предводеше тетовскиот прволигаш од октомври 2015 до декември 2016 година.
Тренерското место во Шкендија беше испразнето откако клупското раководство минатата недела му врачи отказ на албанскиот тренер Ернест Ѓока по катастрофално лошите изданија во еврокуповите.
Тетовскиот клуб претрпе експресна елиминација сезонава во Лигата на шампиони со два порази од словенечка Мура (0:1, 0:5), по што беше елиминиран од летонска Рига во 2. коло во Конференциската лига со вкупен резултат 0:3 (0:2, 0:1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.