Англиската фудбалска репрезентација може да го загуби натпреварот од Лигата на нации против Исланд без борба,  закажан за 18 ноември на Вембли, бидејќи британските власти не дозволуваат пристигнување од Данска, каде што Исланѓаните гостуваат на 15 ноември.

Се очекува УЕФА да го одобри натпреварот Данска-Исланд во Копенхаген, и покрај зголемениот број на лица заразени со новиот коронавирус. Ова директно влијае на натпреварот помеѓу Англија и Исланд, што е закажан три дена подоцна, бидејќи британските власти немаат намера да направат исклучок за исландската фудбалска репрезентација, кога станува збор за забраната за доаѓање од Данска.

Според претходните регулативи, Велика Британија дозволуваше влез на врвни спортисти кои доаѓаа од области погодени од пандемијата, но новите ограничувања важат и за нив.

Преговорите меѓу претставниците на британската влада и Англиската фудбалска асоцијација се уште траат.

Бидејќи календарот за оваа сезона е полн, а ЕУРО е одложено за летото 2021 година, се чини дека можното одложување на натпреварот помеѓу Англија и Исланд не е можна опција, бидејќи нема достапен датум за дополнително одигрување на натпреварот.

Покрај „трите лава“, се чини дека „жртва“ на британските епидемиолошки мерки ќе биде и репрезентацијата на Данска, која повика девет играчи од клубовите од англиската Премиер лига за трите претстојни натпревари, пријателски против Шведска и Белгија и Исланд во Лигата на нации.

Во сегашната ситуација, се чини дека никој од поканетите нема да ја напушти Англија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.