Бразилскиот фудбалер Рафаел Гоес да Силва е нов фудбалер на Работнички.
Тој стави потпис на договор со клубот од „Градски парк“ и треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред.
– Потпишавме договор со бразилскиот интернационалец Рафаел Гоес да Силва. Има одлични препораки, ја минал младинската школа на славниот Фламенго и веруваме дека ќе биде квалитетно засилување за Работнички. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска, но може по потреба да одигра и во одбраната, изјави спортскиот директор на Работнички, Горан Станковски.
Гоес ја минал школата на славниот бразилски клуб Фламенго, а Работнички е негов прв клуб во Европа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.