Репрезентацијата на Бразил го победи Чиле со 1:0 во четврт-финалето од Купот на Америка. Единствениот гол во 46. минута го постигна играчот за врска на Лион, Лукас Пакета.

Неколку минути по постигнувањето на голот, Бразилците останаа со фудбалер помалку, откако црвен картон доби напаѓачот Габриел Хезус.

Во полуфиналето на турнирот, Бразил кој е домаќин на првенството ќе игра против Перу, кој претходно на пенали го победи Парагвај.

Другите четврт-финални двојки се: Уругвај – Колумбија и Аргентина – Еквадор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.