Антонио Инсиње, кој е брат на еден од најдобрите фудбалери на Наполи, Лоренцо Инсиње, преку социјалните мрежи испрати порака кон тренерот Карло Анчелоти, со која изрази незадоволство за третманот на Анчелоти кон Лоренцо.
Инсиње не играше на мечот против Генк од Лигата на шампионите, па брат му смета на Анчелоти му недостасувала храброст да признае дека погрешил.
Некој нема храброст да ја каже вистината. Еден гол или асистенција на секои 63 минути. Тоа е просекот на брат ми. Изгледа навистина не е во форма, објавил Антонио.
Следниот меч на Наполи е в недела против Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.