Наполи го победи Беневенто со 2:1 во дуел од 5. коло на Серија А. Овој меч ќе биде запаметен како втор во историјата на Италијанскиот фудбалски шампионат на кој гол постигнале двајца браќа на две различни страни.

Лоренцо Инсиње погоди за клубот од Неапол, а неговиот помлад брат Роберто Инсиње за Беневенто.

За прв пат вакво нешто во најквалитетната фудбалска лига во Италија се случи во 1949 година. Тогаш Иштван и Ференц Ниерш го сторија тоа на мечот Интер – Лацио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.