Борусија Дортмунд не успеја да задржи водство од 0-2 и одигра реми на гостувањето кај Вердер (2-2) губејќи ги, се чини и минималните шанси за титула во Бундеслигата.
„Милионерите“ до предност од 0-2 дојдоа со головите на Пулишиќ во 6. минута и Алкасер во 41. минутa. Домаќините дојдоа до бод со головите на Мохвалд во 70. минута и Пизаро во 75. минута.
По ова реми, на две кола до крајот, Борусија Дортмунд е со четири бода заостанување зад водечкиот Баерн Минхен кој денеска лесно славеше над Хановер со 3-1 и по се изгледа ја осигураа титулата во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.