Фудбалерот на Јувентус и на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи е прогласен за најдобар одбранбен фудбалер во 2021 година од страна на „Globe Soccer Awards“.

За оваа награда беа номинирани и Џорџо Киелини (Јувентус), Трент Александар-Арнолд (Ливерпул), Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер сити) и Антонио Рудигер (Челзи).

Во 2021 година, 34-годишниот дефанзивец го освои Европското првенство со репрезентацијата на Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.