Боно Вокс и Еџ од „Ју-Ту“ и светски познатиот диџеј и продуцент Мартин Гарикс ја создадоа официјалната химна на Европското фудбалско првенство, до чиј почеток останува помалку од еден месец.
„Ние сме луѓето“ (We Are The People) беше промовирана вчера и нејзин автор е холандскиот диџеј, кој како гости ги покани ирските рок ветерани, чија репрезентација не успеа да се пласира на ЕП.
Европското првенство почнува на 11 јуни и првпат ќе се игра низ целиот континент. Два дена подоцна Македонија ќе го има своето деби, против Австрија во Букурешт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.