Папа Буба Диоп, еден од најдобрите фудалери на Сенегал и еден од хероите на Светското првенство во Сенегал 2002 година почина по долго боледување. Тој имаше само 42 години.
Буба Диоп е човекот кој се прослави со неговиот гол пред 18 години и големата победа на Сенегал против тогаш актуелниот светски шампион Франција со 1:0. За репрезентацијата дебитираше во 1999 година, на истиот Мундијал 2002 стигна до четвртфиналето.
Во клупската кариера по добрите игри во неколку швајцарски клубови, Сенегалецот направи трансфер во Ленс од каде се пресели во Англија.
Го засили Фулам во 2004 година, а потоа го носеше и дресот на Портсмут со кој го освои ФА Купот во сезоната 2007/08.
Буба Диоп беше дел од грчкиот АЕК, во 2011 година се врати во Англија и се пресели во Вест Хем, а потоа ги бранеше и боите на Бирмингем каде што пред седум години ја заврши професионалната фудбалска кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.