Дејвид Мојс, Луи ван Гал и Жозе Мурињо не можеа да го вратат Јунајтед на нивото кое играше под Фергусон, но барем според стартот се чини дека Оле Гунар Солскјаер ќе може. Норвежанецот денеска дебитираше на клупата на Јунајтед со победа од 5-1 на гостувањето кај Кардиф.
Интересно е тоа што Манчестер јунајтед постигнува пет гола на еден натпревар за прв пат по ерата на Фергусон. Легендарниот менаџер се пензионираше во мај 2013 година, а на неговиот последен натпревар „ѓаволите“ одиграа 5-5 на гостувањето кај ВБА.
Токму тоа беше последниот натпревар на Јунајтед кога постигна пет гола, се до вечерва во Кардиф. Она што многумина го забележаа на денешениот натпревар, беше одличната игра на неколкумина играчи на Јунајтед за кои се шпекулираше дека го бојкотираат Мурињо и не даваат масксимум кога играат под палката на Португалецот, што на некој начин ги потврдува овие гласини за кои се пишуваше изминативе месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.