Фудбалската „А“ репрезентацијата на Македонија ги започнува европските квалификации за пласман на ЕП 2020 година. Нашиот најдобар национален тим е во група со Полска, Австрија, Словенија, Израел и Летонија.

Македонија ги отвора квалификациите на 21. март со домашна пресметка против Летонија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје (20:45 часот), а три дена подоцна гостуваме на „Стожице“ во Љубљана против Словенија.

Навивачите на Македонија ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија – Летонија преку продажната мрежа на MKTickets.

Билети ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Филип Втори“.

Цената на билетите изнесува симболични 150 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.