Реал Мадрид го договорил трансферот на ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, пишува германски „Билд“. Според весникот, српскиот напаѓач ќе го финализира трансферот на „Сантијаго Бернабе“ многу наскоро, а за него ќе бидат платени 50 милиони евра.
Тој ќе потпише договор со „кралевите“ до 2023 година и ќе добие значително покачување на платата.
Јовиќ се поврзуваше и со Барселона, но на крајот тимот од Мадрид ги победил „каталонците“ во трката за неговиот потпис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.