Шпанскиот клуб Бетис сака да го купи напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, објави „Естадио Депортиво“. Според истиот извор, Полјакот има договор со Наполи до 2021 година и се уште не потпишал нов, а дека има устен договор со Бетис уште од крајот на 2018 година.
Потпретседателот на клубот, Жозе Мигуел Лопез Каталан за еден италијански спортски весник ниту ја потврди, ниту ја демантираше веста околу ангажманот на напаѓачот.
Милик е играч кој сме го следеле во минатото, а и сега бараме напаѓач, но се уште не можам да кажам ништо повеќе, изјави Каталан.
Инаку, Милик минатата сезона одигра 47 натпревари и постигна 20 голови, а неговата моментална вредност е околу 40 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.