Еден од доајените на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски, почина во својата 78 година од животот.
Дојчиновски важи за едно од најголемите имиња на мак-фудбалот, првиот Македонец кој заигра на Светските првенства, во 1974 година во Западна Германија. Големото име како член на Црвена Звезда, беше дел од селекцијата на Југославија и остави печат во македонската фудбалска историја.
Стартот на својата кариера, Дојчиновски ја имаше во дресот на Вардар, а играше и за Црвена Звезда, како и француските Троа и Париз. По крајот на играчката кариера, тој се впушти во тренерските води, беше селектор на Ел Салвадор и тренер во неколку клубови, ги водеше македонските екипи Вардар, Пелистер, Македонија Ѓорче Петров, Брегалница Штип и Брегалница Делчево. Простувањето од фудбалот го имаше таму каде што започна сè, на клупата на Вардар во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.