Францускиот напаѓач Карим Бензема и Реал Мадрид, синоќа беа елиминирани од Барселона во полу-финалето на Копа Дел Реј. Барселона победи во Мадрид со 0-3 и со вкупен резултат 4-1 се пласираше во финалето.

Бензема е најдобриот стрелец на Реал оваа сезона, а синоќа против вечниот ривал одигра коректен натпревар. Сепак, францускиот ас вчеравечер покрај поразот и елиминацијата од Купот доживеал уште едно разочарување.

Според шпанските медиуми, додека тој го играл мечот против Барселона, крадци го ограбиле неговиот дом. Не е познато колкава штета предизвикале и што точно украле.

Нешто слично пред неколку недели му се случи на новиот играч на Барселона, Кевин Принс-Боатенг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.