Судот во Версај го прогласи напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема за виновен за уценување на франбцускиот фудбалер Матје Валбуена.
Бензема е прогласен за виновен за соучество во обид за уцена и осуден на една година условна затворска казна и парична казна од 75.000 евра. Максималната казна која можеше да ја добие фудбалерот е пет години затвор.
За виновни се прогласени и четворица други обвинети.
33-годишниот Французин беше обвинет во 2015 година дека дејствувал како посредник, поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите за да не објавуваат интимно видео за него.
Двајцата играчи добија забрана за настап во француската репрезентација поради ситуацијата со уцена, но Бензема годинава се врати во националниот тим на „триколорите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.