Со голот на Карим Бензема во 64. минута, Реал Мадрид синоќа ја победи Севилја на гостински терен. Трите бода од оваа средба го искачија Реал на втората позиција на табелата по пет кола во Шпанското фудбалско првенство.
Реал сега има 11 бода исто колку и лидерот Атлетик Билбао.
Севилја која го претрпе првиот пораз од почетокот на сезоната, се наоѓа на петтото место со освоени 10 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.