Мароканскиот дефанзивец, Мехди Бенатија го напушти Јувентус и потпиша за екипата на катарски Ал Духаил. Тој неодамна побарал трансфер од Јувентус поради тоа што бил незадоволен од својата минутажа, а неговата нова дестинација е Катар.

Искуснуот дефанзивец добил богат договор, а Јувентус од трансферот ќе заработи 10 милиони евра.

Бенатија пред Јувентус настапуваше за Баерн Минхен, Рома, Удинезе, Клермонт и Марсеј, а на негово место во Торино пристигна Уругваецот Мартин Касерес на позајмица од Лацио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.