Поранешниот англиски репрезентативец и сопственик на МЛС франшизата на Интер од Мајами, Дејвид Бекам, е заинтересиран по завршување на Светското првенство 2022 да го ангажира фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо.

Според британските медиуми, Бекам веќе го контактирал менаџерот на португалскиот фудбалер Хорхе Мендеш, кој, наводно, најавил можност Роналдо по Мундијалот во Катар да се пресели во САД.

Роналдо има договор со Јунајтед до крајот на актуелната сезона, а во моментов е со репрезентацијата на Португалија на подготовки за Светското првенство во Катар.

Португалецот е на излезна врата од Манчестер јунајтед по неодамнешното контроверзно интервју за британските медиуми во кое изнесе бројни навреди на адреса на својот сегашен клуб и тренерот Ерик тен Хаг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.