Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар го продолжи тренажниот процес во текот на денот и повторно почувствува непријатност во мускулите, објави „АС“.

Фудбалерот го пропушти вчерашниот тренинг поради повреда. Според шпанскиот весник Белгиецот ќе го пропушти натпреварот од 22. коло во Ла Лига со Хуеска.

Азар дојде во Реал Мадрид од Челзи летото 2019 како големо засилување. Оваа сезона, 30-годишниот играч играше на само 13 натпревари на сите турнири. Фудбалерот често пати страда од повреди поради кои ги пропушта натпреварите на Реал Мадрид.

Во тековната сезона, Азар постигна три гола и направи една асистенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.